| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сирија војуваат околу 12.000 странски борци

Сирија1

Околу 12.000 странски борци од 50 држави, меѓу кои и Американци, се борат во Сирија од почетокот на судирите пред повеќе од три години, соопшти денеска заменик портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф.

Се проценува дека над 100 американски државјани се обиделе да стигнат до Сирија со цел да се вклучат на страната на радикалните групи, кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Американските власти не може со точност да утврдат каде се врши организирано регрутирање на американски граѓани.

Според податоците на Сириската група за човекови права, базирана во Лондон, најмалку 180.000 луѓе загинале во Сирија од почетокот на судирите во март 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top