| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе запре со увоз на автомобили

1393544224_mersedes_dlja_olimpijcev_7По забраната на увоз на храна од Западот, Русија може да воведе и блокада за автомобилите. Тоа најмногу им задава грижи на германските и на француските автомобилски гиганти. Според пишувањето на весникот „Ведомости“, руски проект на „Фајненшел тајмс“ и „Волстрит џурнал“, опцијата за забрана на увоз на автомобили би била можна ако Америка и нејзините европски сојузници покренат посилни санкции против Русија. Во првата половина на оваа година 27 отсто автомобили на рускиот пазар стигнаа од увоз, како и 46 отсто камиони и 13 отсто автобуси, а меѓу првите 10 најпродавани брендови половина се од европски и американски фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top