Најдобриот кошаркар во тимот на Оклахома Сити Тандер, Кевин Дурант изјави дека кога прв пат го запознал Стеф Кари, мислел дека е белец.
Во едно интервју Дурант зборуваше како и кога за прв пат ја запознал ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари.
– Тоа беше кога имав десет години. Се сеќавам дека бев во Шарлот на некој натпревар. Мислев дека е белец. Погледнете го, целиот е жолт – изјави Кевин Дурант.
– Мислам, да бидеме искрени. Не е дека неговата кожа е како мојата, а знам дека кога и да дадеше тројка викаше „сплеш“. Десет години подоцна, чув дека Стеф Кари доаѓа во НБА. Лудо е како поминуваш покрај големи играчи кога си дете, а подоцна ги гледаш како постигнуваат големи резултати – додаде Дурант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


