Борци на Исламска држава се подготвуваат за освојување на Багдад, според разузнавачки податоци на западни држави и САД, а ирачкиот главен град ќе го нападнат преку тунелите што ги изградиле од ЈНА за време на владеењето на Садам Хусеин.
„Југословенските“ тунели се протегаат од покраината Амбар упориште на џихадистите, па се до Багдад.
Имено, Садам Хусеион од ЈНА во 1975 година побарал да се изградат подземни објекти, а во 1976 година почнале подготовки – снимање на теренот и изработка на проект. Следната година почнала и градбата на Проектот 77 кој опфаќа главно стратешко командно место во Багдад и помошни во Тикрит, Киркук, Фалуџа, Кут и Басра.
Вредноста на проектот била околу 180 милиони долари.
Според Јутарњи лист, најголем проблем на Владата на Ирак е што не се знае сега каде е почетокот и каде е крајот на тие тунели за кои знаеле само најблиските соработници на Садам. Тие денес се на страната на исламистите, а до податоци на ЈНА е неможно да се дојде.
Преку тие тунели џихадистите префрлаат и оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


