Бран кандидати има за пензионирање во Грција, илјадници осигуреници брзаат да заминат во пензија поради страв од нови промени во системот за пензиско осигурување во државата, објавуваат весниците во Грција.
Весникот Етнос тврди дека 105 илјади вработени имаат намера да се пензионираат годинава и на списокот предводат вработени во државните служби. Проценките се дека таа цифра е над 35 илјади луѓе. Во останатите пензиски фондови се очекуваат барања за пензионирање за околу 70 илјади луѓе.
Пензиските фондови во Грција се во колапс, дупката во нив е над 11 милијарди евра, а кредиторите бараат од државата промени во здравствено-пензискиот систем, објавува Елефтеротипија.
Анализи покажуваат дека се подготвува масовно заминување во пензија – четворица од петмина државни службеници со 25 години стаж се подготвуваат оваа година да заминат во пензија. Експерти проценуваат дека до крајот на годината 105 илјади луѓе ќе заминат во пензија. Таа цифра е за 15 отсто повисока во споредба со лани, година која беше забележана како период на масовно заминување во пензија, наведува Имерсија.
Меѓународните кредитори бараат од државата да донесе нов закон за пензиско осигурување кој ќе стапи на сила во почетокот на идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


