Пет земјотреси утрово се регистрирани во Грција, од кој најсилниот бил со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите се регистрирани во централна Грција, посебно на Халкидики и во Солун. Епицентрите биле на долабочина од десет километри.
Првиот земјотрес се случил во шест часот и 56 минути со интензитет од 1,6 степени, а последниот во седум и 39 во интензитет од 2,6 степени.
Се уште нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.