| четврток, 6 декември 2018 |

Грци масовно бегаат в пензија

атина

Во Грција има бран кандидати за пензионирање. Илјадници осигуреници брзаат да заминат в пензија поради страв од нови промени во системот за пензиско осигурување во државата, објавуваат весниците во Грција.
Весникот „Етнос“ тврди дека 105.000 вработени имаат намера да се пензионираат годинава и на списокот предводат вработени во државните служби. Процените се дека таа цифра е преку 35.000 луѓе. Во другите пензиски фондови се очекуваат барања за пензионирање за околу 70.000 луѓе.
Пензиските фондови во Грција се во колапс, дупката во нив е  11 милијарди евра, а кредиторите бараат од државата промени во здравствено-пензискиот систем, објавува „Елефтеротипија“.
Анализи покажуваат дека се подготвува масовно заминување в пензија – четворица од петмина државни службеници со 25 години стаж се подготвуваат оваа година да заминат в пензија. Стручњаците проценуваат дека до крајот на годината 105.000 луѓе ќе заминат в пензија. Таа цифра е за 15 отсто повисока во споредба со лани, година што беше забележана како период на масовно заминување в пензија, наведува „Имерсија“.
Меѓународните кредитори бараат од државата да донесе нов закон за пензиско осигурување, кој ќе влее во сила во почетокот на идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top