| четврток, 6 декември 2018 |

Израел бара уште 10 илјади војска

izrael tenk gazaМинистерот за одбрана на Израел Моше Јалон денеска од Владата побара одобрение да изврши мобилизација на 10.000 војници од резервниот состав на Армијата, објави весникот „Хаарец“.

Весникот објаснува дека резервистите ќе бидат повикувани за „учество во борбените дејствија и во заднинските служби“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера во телевизиско обраќање изјави дека воената операција во Појасот Газа што почна на 8 јули „не е завршена и се уште трае“.

– Ќе го искорениме Хамас и ќе ја уништиме неговата терористичка инфраструктура, вети Нетанјаху.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top