| четврток, 6 декември 2018 |

180 илјади загинати во Сирија

Sirija (12)Најмалку 180.000 луѓе загинаа во Сирија од почетокот на судирите во март 2011 година, соопшти денеска сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Според најновите податоци на Центарот со седиште во Лондон, загинале 180.215 лица, од кои 58.805 цивили, 9.428 деца и 6.036 жени.

Во судирите загинале 49.699 припадници на вооружените бунтовнички сили, меѓу кои и борци на екстремистичките организации, како што се Исламска држава и Фронт ал-Нусра.

Вкупно загинале 66.365 припадници на владините сили, од кои 40.438 војници.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права наведува дека во судирите загинале и 561 припадник на либанското движење Хезболах, кои се борале на страната на режимот.

Центарот посочува дека не може да се утврди идентитетот на 2.931 жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top