| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот бастион на КГБ во Рига ги открива своите страшни тајни

timthumb

Едно од најстрашните места во Летонија по советско време е поранешната централа на политичката полиција КГБ, која почна да прима посетители и со таа изложба ги одбележува своите скриени мрачни тајни.

Изложбата во Рига ги отвори вратите точно кога Летонија, Литванија и Естонија – трите поранешни советски републики го споделуваат стравот од повампирувањето на империјализмот во Русија, која денес е управувана од поранешниот офицер на КГБ, Владимир Путин.

timthumb (1)

– Повеќето луѓе се шокирани, зборува за посетителите Ај Абенс, кураторка на изложбата која е распоредена по катовите на забележителната зграда изградена во стилот „ар нуво“. Изградена во 1912 година, таа била претворена во локален штаб на КГБ кога Советскиот Сојуз влегол во балтичките земји во 40-ите години од минатиот век.

– Луѓето доаѓаат да разгледуваат, некои се откажуваат и не влегуваат. Се случува и да потечат солзи. Тогаш дознаваме дека тие на времето биле тука затворени – тие самите или нивни блиски, објаснува таа пред една од ќелиите во подрумот.

Видно растревожена, г-ѓа Абенс раскажува дека тука се вршеле егзекуции.

– Точно до вратата која води во дворот. Од надвор паркирале камиони со запален мотор за да ги заглушува сите звуци. Потоа ги фрлале телата во камионот и ги одвезувале, објаснува таа.

Подоцна, КГБ избрале друго место за егзекуции, а таа ќелија ја претвориле во продавница и агентите таму си купувале цигари. „Сретнуваме некои Руси кои се убедени дека сето тоа се измислици. Други пак – и тие од Русија, ни велат дека таа изложба им ги отворила очите“, ни изјави Абенс.

Посетителите крај влезот гледаат дрвена кутија која останала таму од комунистичка доба: луѓето таму ставале молби за да дознаат за судбината за уапсените роднини – но и им оставаат храна и цигари на соседите или колегите.

las-oficinas-de-la-kgb-en-letonia-muestran-sus-secretos-01

Раселени во Сибир

Неколку ката погоре, атмосферата е сосема поинаква. Свежо бојадисаните ходници зрачат со ослепувачка белина: арт инсталациите поттикнуваат на размислување за тоталитаризмот и неговите злосторства.

Тие потсетуваат за судбината на 60-те илјади Летонци кои биле раселени во Сибир по наредба на Јозеф Сталин, воглавно во периодот помеѓу 1941 и 1947 година. Мнозина од нив никогаш и не се вратиле од таму.

Прикажана е инсталација насловена „Летониски куфер“. Тоа го отвара прашањето кое му се поставувало принудно на секој кој оној бил осуден на прогон: што ќе земете со вас, ако КГБ ви даде две минути да го спакувате багажот?

Во една од салите гледаме на подот расфрлани куфери, писма, лични дребулии, кадифени мечиња, па дури и плоча од гроб на нечиј сопруг или сопруга. Сите предмети се автентични, грабната набрзина од раселените и вратени назад, штом ќе им наределе да се вратат.

Всушност, не се знае што ќе се случи со згадата на КГБ. Таа им создава доста главоболки на градските власти. Изложбата е организирана во рамките на овогодинешната програма „Рига- Европска престолнина на културата“ и штом ќе заврши, се очекува зградата да стане деловна зграда или хотел.

Поставена е во самиот центар на главниот град, но нејзиното крваво минато ги одвраќа потенцијалните корисници да ја изнајмат.

– Исполнета е со животни драми, па историјата ги одвраќа луѓето, потврдува Бајба Страутмане од Агенцијата за државен имот, која стопанисува со зградата. „Се слушаа гласини дека ќе ја претворат во хотел, но тоа е малку веројатно“, вели таа.

Се врши притисок зградата да остане постојан музеј, иако во Летонија веќе има голем музеј на окупацијата, каде се главно претставени злосторствата на советскиот режим.

Кнуте Скујениекс, писател и поранешен политички затвореник, ја поддржува таквата идеја.

– Вистина е дека зградата има лоша репутација, но според мене градот има потреба од неа. Не можеме да избегаме од историјата. Не помнам детали, но сакам да одам да ја видам ќелијата каде ме држеа, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top