Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ги заврши настапите на турнирот „Четири нации“ во Рига, освојувајќи го третото место.
Момците на Вујадин Станојковиќ, кои за денешниот дуел против Норвешка останаа без помошта на најдобриот фудбалер Дарко Чурлинов, кој му се приклучи на А-репрезентацијата, со 3-1 загубија од расположените скандинавски врсници.
Нашите надежи и покрај денешниот пораз покажаа квалитет и одлична игра на овој турнир, а претходно забележаа една победа (3-1 над Летонија) и едно реми против Украина (1-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.