| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнатото девојче се врати дома, се криело за да остане во Македонија

девојце

Мајката на девојчето која го пријави нејзиното исчезнување синоќа се јавила во полиција и соопштила дека ќерката и се вратила.

Се уште не е познато каде било девојчето и која е причината поради која неколку дена беше исчезната.

Според првичните информации, според изјавите на нивни соседи, причината е банална. Имено, нејзиното семејство живее во Шведска, а во земјава дошле на годишен одмор.

Толку и се допаднала Македонија, што воопшто не сакала да се врати дома. Во четвртокот околу 23 часот излегла од дома и ја немало до синоќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top