Борбите во украинскиот град Луганск продолжуваат, неговите жители веќе втора недела немаат вода и електрична енергија, а во прекин е и телекомуникациската мрежа.
Според локалните власти, во продавниците сè0 уште има леб и најпотребните животни намирници, но снабдувањето со храна, лекови и течно гориво за градот е прекинато.
Обновувањето на струјата е невозможно поради постојаните воени дејствија на територијата од градот. Веќе неколку месеци во Луганск не се исплатени плати, пензии и социјална помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


