Терористичката група Ал Каеда на Арапскиот Полуостров почна со издавање списание на англиски јазик, кое содржи совети за потенцијалните екстремисти како да потпалуваат возила и да предизвикуваат сообраќајни незгоди.
Во списанието, чија електронска веризија е достапна на неколку исламистички веб-страници, меѓу остантото, се бара од Франција да се повлече од Мали и е наведена листа од 11 јавни личности што живеат на Запад и по кои се трага живи или мртви поради извршени злосторства против исламот.
Меѓу единаесеттемина по кои е распишана потерница се и авторот на „Сатанските стихови“, писателот Салман Ружди, критичарите на исламот – холандскиот политичар Герт Вилдерс и Канаѓанецот со сомалиско потекло Ајан Хирси Али, како и американскиот свештеник Тери Џонс, кој стана познат по јавното палење на Куранот.
Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која има упориште во Јемен, е една од најактивните разграноци на терористичката мрежа Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антитерористичка анализа: ИСИС наскоро ќе стане Ал Каеда на стероиди, а единствено бара жени и секс (видео)
-
Добредојдовте во Скопје на Европскиот Суперкуп, УЕФА го промовираше водичот за навивачите
-
Ќе се промовира водич низ постојаната поставка на Археолошкиот музеј на Македонија
-
Со дрон убиен лидер на Ал Каеда



