Со оваа постапка ДПА го загрози животот на граѓаните, тешко ја оштети сликата за Албанците и ја загрози перспективата на земјата, сметаат во ДУИ.
Во партиското соопштение по денешните инциденти се вели:
ДУИ смета дека правото на протест и слободно изразување на мислењето е основно човеково право, меѓутоа изразуваме жалење за денешните настани во кои ДПА преку своите локални структури инструментализираше еден легитимен собир на граѓаните кој имаше за цел да го изрази незадоволство за вчерашното дивеење на хулиганите низ скопските улици и со тоа еден мирен протест го претвори во насилен за сопствени теснопартиски и изборни цели.
Со оваа постапка ДПА го загрози животот на граѓаните, тешко ја оштети сликата за Албанците и ја загрози перспективата на земјата.
ДУИ уште еднаш ги повикува граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не подпаднат на манипулациите на субјекти и групи кои се подготвени да го загрозат животот на граѓаните за своите теснопартиски интереси.
Гарантираме дека секој што ќе крене рака врз невини граѓани ќе ја добие максималната и заслужена казна и тоа сме го докажале во минатато.
– Сакаме да ги осигураме граѓаните дека нема да дозволиме на никој да го уништи сето тоа што макотрпно заедно сме ги изградиле за добробидта на граѓаните и земјата – велат од ДУИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името



