| четврток, 6 декември 2018 |

Мелем кој го намалува обемот на струкот и ги топи масните наслаги од стомакот

струк

Благодарение на овој рецепт, многу жени намалувале по 1 см од обемот на струкот на ден. Овој мелем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот и ја подобрува функцијата на мозокот, памтењето, слухот и видот.

Потребни состојки:

125 г. свеж рен
3 непрскани лимони (сосе кора)
3 лажици мед
Начин на подготовка:

Во блендер иситнете 125 грама рен. Земете ги лимоните, расечете ги, извадете им ги семките и заедно со кората ставете ги во блендерот и миксирајте заедно со кашата од рен. Потоа додајте уште 3 лажици мед и сето тоа добро измешајте го. Чувајте го мелемот во затворена тегличка во фрижидер. Земајте по една мала лажичка од мелемот, два пати на ден со оброк. Користете го мелемот 3 недели и гледајте како ви се намалува обемот на струкот.

Својства на ренот:

Ренот изобилува со витамин Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор… Тој освен како вкусен додаток во исхраната, се користи и како лековито средство.

Посебно е добро кога се конзумира со мрсна храна бидејќи ѝ помага полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, па затоа најмногу им се препорачува на дијабетичари. Тој исто така го стимулира создавањето и развојот на корисни бактерии во цревата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top