Паркинг место во Скопје од секогаш претставува најголем проблем за возачите. Граѓаните за да го избегнат зонското паркирање, често се паркираат онаму каде што ќе здогледаат и најмал простор за тоа, притоа не гледајќи дека ги блокираат останатите коли.
Поради тоа овој револтиран граѓанин оставил порака на автомобилот кој го блокирал неговиот, со упатства за паркирање.
Тој како прво правило навел дека при паркирањето треба да се гледа да не се блокира некого, во второто вели дека кога веќе блокираш барем оставија колата во лер, а третото правило гласи дека доколку не се почитуваат првите две правила, да се остави телефонски број за да можат да те побараат, пренесува Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


