Од таму велат дека како одговорна институција за безбедноста на храната, пред граѓаните на Република Македонија одговорно тврдат дека во прилозите во медиумите насловени како „Екстра Меин е затворена, месото од Бразил слободно влегува во државата“ и прилогот „Листерија, бројни дилеми, малку одговори“, се изнесени паушални конструкции кои единствено имаат за цел да внесат забуна и страв кај граѓаните дека храната од домашно производство или од увоз, не е безбедна.
-Најодговорно тврдиме дека во Република Македонија се увезува безбедна храна и суровини за домашната прехранбена индустрија. Секоја пратка на производи од животинско потекло од увоз (во конкретниот случај замрзнато месо), е пропратена со ветеринарен здравствен сертификат за безбедност, во кој надлежниот орган на земјата извозник потврдува дека производот ги исполнува сите барања наведени во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна по однос на микробиолошките критериуми. Освен тоа, наведените суровини се испитани и во други две акредитирани лаборатории, од каде се добиени негативни резултати за присуство на листерија. Дополнителна гранција за безбедност се и задолжителните контроли кои се вршат од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на секоја увозна пратка. Оттука, како одговорна инситуција, апелираме, преку пласман на сензационалистички прилози, непотребно да не се внесува паника, страв и забуна кај граѓаните – стои во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



