Додека поголем дел од светските јавни личности како своја летни дестинација ги одбираат најповиканите Ибица или Сен Тропе, европската елита одбегнувајќи ги секогаш бучните мејнстрим локации, се повлекуваат во интимниот рај на дворецот Château Gütsch.
Изграден во 1888 година, дворецот во швајцарскиот град Луцерн, е вистински уметнички споменик кој наликува на оние бајковите замоци од детската фантазија.
Комплексот брои 27 соби и апартмани опремени со најлуксузен мебел и ткаенини. Секоја соба е уредена различно и најчесто ентериерот е инспириран од одреден уметнички правец или историска личност. Особено импресивен е апартманот инспириран од кралицата Викторија, каде централно е поставена раскошна када, а ѕидовите ги красат уметнички дела од 19-от век со швајцарски пејсажи.
Ресторанот и барот имаат пристап до огромна тераса која има спектакуларен поглед на градот. Покрај тоа, објектот има импресивен подрум со богата колекција на врвни вина од целиот свет и од различни временски периоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каква е температурта на морето во најпопуларните места за летување на Македонците
-
Зошто летувањето во септември е подобро од она сред лето?
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани