| четврток, 6 декември 2018 |

Стилот на дамите на Хичкок

Голем дел од филмските остварувања на Хичкок во фокусот ги имаат силните, но проблематични жени. Изгледот во неговите филмови е круцијален со оглед на тоа дека сликата е изградена на костимите кои изгледаат моќно, а во исто време и опасно.

Blue-gown-5-Grace-Kelly-To-Catch-A-Thief-650x346

Костимите биле централните елементи за многу класици со негов потпис. Тоа се т.н. пенкало-здолништа, женствените вечерни фустани, класични и плик-чанти, совршено средени фризури, ракавици во сите должини и грациозни бунди.

Kim-Novak-650x427

Ким Новак во „Vertigo“, Грејс Кели во „To Catch a Thief“, Ингрид Бергман во „Notorious“ не ни можат да се замислат во поинакви комбинации и став.

Хичкок честопати ја употребувал облеката како додаток на личноста за главните актерки на филмот. Всушност,  не се работи само облека, тука е и сликата, кинематографијата и се’ она што е поврзано со креирањето на совршената препознатлива приказна на овој режисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top