
Иако сѐ уште не е потврдено, се појавија информации дека рускиот претседател Владимир Путин го одбил ладниот предизвик, за кој го номинираше американскиот глумец Вин Дизел, пишува Индепендент.
Весникот пишува дека Путин наводно одбил да се полие со ладна вода, прекинувајќи ја низата која во последните денови лудите познати фаци во Америка ја започнаа во кампања за борба против Амиотрофична латерална склероза.
Портпаролот на Путин рекол дека не знае за што се работи и дека „имале поважна работа на распоредот“.
Остануваат само уште неколку чаша до истекот на 24 часа колку што Путин има време да се полие со кофа ладна вода и да го исполни предизикот, така да теоретски уште има време да се предомисли, додава британскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


