
Убавите девојки секогаш се поврзуваат со брзите автомобили, дури и кога се зад воланот. Женска конкуренција го очекува Игор Стефановски-Иџе на трката во Словенија, пренесува Вест.
На трката во Словенија Иџе ќе има убава конкуренција. Вероника Киче ќе го “брка” новопечениот европски првак со Мицибуши од 500 коњски сили. Дваесет и седум годишната Вероника е од Чешка во Илирска Бистрица ќе настапи со силно набилданиот Мицибуши Лансер ВРЦ. Автомобилот тежи 1.200 килограми, има 500 “коња” и до 100 километри на час стигнува за 3,3 секунди.
Инаку, Иџе го оствари најголемиот успех на македонскиот автомобилизам обезбедувајќи ја европската титула во брдски трки, две трки пред крајот на сезоната.
На 31.август во Илирска Бистрица, во Словенија, ќе се вози претпоследната трка, а досега организаторите очекуваат 126 натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


