| четврток, 6 декември 2018 |

Украинско знаме се вееше во центарот на Москва

svet-zastava

Демонстранти го истакнале знамето на Украина во Москва. На високата зграда од 176 метри, демонтсрантите го развиориле украинското знаме, а советската петокрака ја обоиле во боите на знамето на Украина.

Работниците, по три часа успеале да го тргнат знамето и да ја префарбаат петокраката.

За инцидентот биле уапсени 5 лица кои биле облечени во опрема за планинарење и сега се на сослушување.

Тие се теретат за вандализам и им се заканува затворска казна од 3 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top