| четврток, 6 декември 2018 |

Србин сам на себе си издал согласност за легализација на куќата

кука
Радомир Ќирковиќ (57) од Стара Пазова во Србија наиде на апсурдно барање, пренесува Блиц.
Надлежните побарале сам себе да си издаде согласност со која се потврдува дека себе си си дозволува градење куќа на својата парцела. Неговиот одговор се проширил на социјалните мрежи со молњевита брзина и добро го насмеа регионот. Блиц објави дека инспекторката поради одговорот му се заканила со тужба поради навреда на општината, а тој и одговорил дека тој ќе ги тужи поради навреда на интелегенцијата.
Еве ја во целост неговата согласност:
Јас, Ќирковиќ Радомир од Стара Пазова, „Јанко Чмелик“ 25, му давам согласност на Ќирковиќ Радомир од Стара Пазова, сопственик на семејна куќа изградена на улицата „Јанко Чмелик“ 25 во Стара Пазова на катастарска парцела број 2504 да може да ја легализира
семејната куќа. Согласноста е неопходна затоа што куќата се наоѓа на оддалеченост помала од 0,5 метри од парцелата број 2503/2, чиј сопственик сум јас. Ние двајца имаме исти родители, но не сме браќа и по карактер сме многу различни. За да можете да го сфатите ова што сега го пишувам, јас, Ќирковиќ Радомир, сопственик на парцела 2503/2 во понатамошниот текст ќе бидам ЕГО, а Ќирковиќ Радомир сопственик на куќа и парцела 2504 ќе биде АЛТЕР ЕГО. Ние двајца во 1990 година донесовме заедничка одлука да правиме куќа на улица Јанко Чмелник 25, со тоа што веднаш се договоривме дека ЕГО ќе биде сопственик на парцелата 2503/2, а АЛТЕР ЕГО сопственик на парцелата 2504. Тоа што јас, ЕГО, дадов повеќе пари за плацот од АЛТЕР ЕГО можеби не треба сега да го спомнувам, но тоа е посилно од мене и морам да кажам.
АЛТЕР ЕГО одлучи да прави куќа и додека јас бев на одмор тој ги поставил темелите на половина метри од една липа која беше на границата на нашите парцели. Таа липа ја засадивме заедно на меѓата, за подеднакво да ни мириса и нему и мене. Навистина, купивме
машка липа, таа има цвет како женската, само не мириса. Како што старее се појави и мирис па сега мириса како женска, најверојатно со годините преовладале овие женски хормони, отприлика како и кај нас двајцата.
Ние убаво се договоривме каде ќе биде куќата и тој ја искористи мојата отсутност и направил што сакал. Кога се вратив од море јас инсистирав темелите да се поместат, но жената и децата на АЛТЕР ЕГО ме молеа да се откажам од таа намера и јас попуштив. А да направеше како што се договоривме сега мојата согласност не би ни требала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top