Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ од Душан Коваќевиќ, а во режија на Небојша Брадиќ, во среда вечер ќе биде затворено 54-тото издание на фестивалот Охридско лето.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
Дејството на претставата се случува во Белград на 6-ти ноември 1924 година на денот на роденденот на г-дин Нушиќ. Тоа не е обичен ден за обичен човек, туку роденден на големиот писател.
Ова всушност е биографска претстава со комични елементи. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Следуваат дејства преполни со леснотија и хумор, но измешани со некоја трагична иронија.
Една од најголемите вредности на претставата е што не е краткорочна приредба со примарна намена, туку е поставена да се игра и игра… и да се слави неговото име.
Претставата дава слика на хумор и среќа од една страна и ранливиот Нушиќ и неговата тага од друга страна, по губењето на својот син единец во војната. Направен е одличен баланс помеѓу личните приказни на актерот и општествено-актуелните случувања.
Небојша Брадиќ е режисер кој успешно ги усогласил сите елементи на претставата. Адекватната актерска екипа и драматургијата од тоа време, блескаво се пренесени и визуелно и музички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме


