Од земјите во ЕУ најголем пад бележи Романија (13,1 отсто), Португалија (10,3 отсто), а најголем раст има Словенија (28,7 отсто).
Со мали осцилации, градежништовто во ЕУ е во постојан пад од стартот на глобалната криза во 2007 година.
Минатата недела државната статистика ја објави редовната анкета меѓу менаџерите во градежниот сектор. Според резултатите, нивните очекувања се дека вториот квартал од оваа година ќе покаже подобри бројки од претходниот.
Раководителите на фирмите од овој сектор велат дека финансиската состојба во второто трочесечје им се подобрила, имаат зголемени очекувања во однос на отворањето нови работни места, а со подобар квалитет е и механизацијата која ја користат.
Економски: Изградбата на автопатите ќе го зголеми БДП за 1 отсто на годишно ниво
Растот во градежништово, но и оптимизмот дека тој ќе продолжи, се темелат на државните инвестиции во инфраструктурата. Стартот на изградбата на автопатите обезбедија работа за домашните градежни компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Градежниците загрижени од намалената инвестициска активност во градежниот сектор
-
Градежништвото тоне, 45,1 отсто помалку издадени одобренија за градба



