Британскиот музичар и поранешен член на легендарните The Beatles, Пол Маккартни откри досега непозната фотографија од последниот концерт на славниот ливерпулски бенд.
Снимката на авторот Џим Маршал била меѓу многуте фотографии прокажани на големиот екран прикажувани во текот на концертот на Пол Маккартни во Сан Франциско одржана на 14-ти август на стадионот „Candlestick Park“, под насловот „Farewell To Candlestick: The Final Concert“, пишува списанието Uncut.
Станува збор за истиот стадион The Beatles заедно го одржаа својот последен јавен настап на 19-ти август 1966 година.
Колекцијата од фотографиите на Маршал била прикажана додека Маккартни ја изведувал песната „Long Tall Sally“ од Литл Ричардс, последната песна изведена во целост на концертот на „бубачките“ во 1966-та.
Фотографијата под последниот настап на The Beatles е вброена во книгата на Маршала под насловот „The Haight: Love, Rock and Revolution“ којашто треба да излезе од печат во октомври 2014 година. Овој пионер на рокенрол фотографијата почина во 2010 година, и е единствениот фотограф кој смеел да го снима последниот настап на The Beatles.
Концертот „Farewell To Candlestick: The Final Concert“ беше последниот од распродадените настапи на Маккартни на неговата актуелна турнеја под насловот „Out There“, која пејачот ја продолжи по двомесечната пауза поради вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


