
Градот Молога во регионот Јарослављ, кој е целосно потопен во 1940 година за време на изградбата на хидроелектраната Рубинск, исплива поради опаѓање на нивото на водата во реката Волга.
Поради падот на нивото на водата, станаа видливи темелите на куќите и остатоците од улиците, а некогашните жители на Молога најавија дека наскоро со своите семејства ќе го посетат градот.
Молога е изграден на устието на реките Молога и Волга и оваа година ќе ја прославеше 865-та годишнина од постоењето, доколку на 14 септември 1935 година не беше донесена одлука да се изгради хидроелектраната во Рубинск. Тоа предизвика градот да се најде на подрачје, кое мораше да биде поплавено за да се зголеми продуктивноста на централата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


