Со одлука на комисијата за жалби на ФИФА од денеска и официјално стартува забраната за трансфери на Барселона која е со важност во следните два преодни рока. Тоа значи дека каталонскиот клуб нема да има право да купува нити да продава играчи до јануари 2016 година.
Барселона со поднесената жалба до комисијата за жалби на ФИФА само успеа да го одложи рокот за правосилност на казната и оттаму челниците на Барселона брзаа да ги комплетираат трансферите со новите играчи и потрошија најмногу досега во овој преоден рок кој трае до 2 септември.
На официјалниот сајт на ФИФА е потврдено дека комисијата за жалби ја одбила жалбата на Барселона и дека од денеска стартува забраната од два преодни рока без право на регистрирање на нови играчи.
Покрај оваа казна на клубот му е наложено да плати и 450 илјади швајцарски франци во наредните три месеци. Покрај Барса и шпанската фудбалска федерација се соочува со парична казна.
Освен за регистрирање на нови играчи каталонците не смеат да продадат свој играч. Единствената главоболка за новиот тренер Луис Енрике остана десниот бек Бразилецот Дани Алвеш кој требаше да биде продаден ова лето и на негово место да купи друг играч.
Сепак Барселона со одолжувањето на забраната успеа да оформи тим кој треба да игра заедно до јануари 2016 година без право на грешка.
После оваа одлука не постои друг правен лек, дури ни некаква арбитража и оваа одлука е конечна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


