| четврток, 6 декември 2018 |

Природно средство против лош здив

уста

Со редовно миење на забите, испирањето на устата е доста важно за одржување на хигиената на устата. Иако, агресивните течности за испирање на уста се достапни на сите полици во продавницие, би сакале да ги избегнеме нивните агресивни состојки, и поради тоа препорачуваме сами да направите природна и ефтина течност кој го елиминира лошиот здив.

Зелените листови на магодоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја која укажува на изобилство на хлорофил, е најдобар борец против здивот бидејќи поседува антибактериски својства.

Иако џвакање листови од магдонос се препорачува веднаш по јадењето, доколку намирниците содржат причинители на лош здив, чајот од магдонос е попрактичен и поделотворен метод за борба против лошите бактерии во усната шуплина.

Состојки:

– половина рака свеж магдонос

– 1/2 литар вода

Подготовка:

Во тенџере ставете половина литро вода и додадете исецкан магоднос, а потоа оставете да врие околу пет минути. Потоа процедете го напитокот, оладете го и консумирајте по секој оброк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top