Американецот Ендрју Хол останал без седум заби и се здоби со бројни провреди на лицето и усните, како и изгореници кога електронска цигара му експлодирала во уста.
Хол добил повеќекратни повреди на лицето, устата, грлото, вклучувајќи и изгореници од втор степен.
Освен што експлозијата на електронската цигара предизвикала телесни повреди, таа разнела и дел од лавабото и оставила траги на ѕидот од тоалетот во домот на Хол.
Тој напиша дека цигарата ја користел според сите правила и дека со оглед на тоа дека ја користи една година.
Како што вели, сето ова го прави за да ги предупреди другите корисници што може да им се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.