
Најпопуларната баба во Холивуд и мајката на акциониот херој Силвестер Сталоне (68), Џеки Сталоне наполни 92 години, но не престанува со здравиот и активен живот.
Оваа баба редовно оди во теретана каде што има личен тренер, а кревањето тегови, склекови или клекнувања воопшто не ѝ претставуваат проблем.

Познато е дека мајката на Сталоне има направено десетици операции на своето лице и тело, и многумина ја споредиле со чудовиште од филмовите, додека пак таа самата за себе изјавила дека личи на Баба Рога.
Сепак, едно е сигурно, Џеки е една цврста и витална бабичка на кој може да и подзавидат дури и тинејџерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


