Шест лица загинале во утрово кога израелската војска ја напднала куќата на водачот на Хамас. Ова го објавиле палестинските безбедносни служби, а Израел ја потврдил информацијата.
Во нападот загинале жената и ќерката на Мухамед Деиф, водачот на Хамас. Израелски министер изјавил дека од сега Мухамед е „лeгитимна мета за ликвидација“.
-Мухамед Џеф заслужува смрт иста како поранешниот прв човек на Ал Каеда, Бин Ладен. Тој е легитимна мета и кога ќе се појави прилика за негова ликвидација, истата треба да се искористи, изјавил Гидеон Саар, израелскиот министер за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.