| четврток, 6 декември 2018 |

Полни болници со ранети по гранатирањето на Донецк, тврди премиерот на самопрогласената ДНР

Crisis in Ukraine

Болниците во приградската населба Макеевска, во Донецк се полни со повредени откако украинската армија денеска го гранатираше тоа подрачје, изјави заменик-премиерот на самопрогласената Донецка народна република, Андреј Пургин.

– Цела Макеевка е гранатирана, болниците се полни со повредени луѓе – изјави Пургин за Итар-тас, не прецизирајќи го бројот на повредени.

Crisis in Ukraine

Според него, не може да се добие целосна слика за тоа што се случило во населбата бидејќи комуникациите се во прекин.

Одделни медиуми претходно јавија за убиени 10 деца откако била гранатирана градинка во Макеевска, но Пургин не можеше да прецизира за жртви. Во таа област најверојатно се пристигнати и претставници од ОБСЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top