-Ако си ти мажот кој беше на коцертот на Мегадет и Моторхед во Чикаго и ако имаш црвена панкерска фризура и пирсинг во облик на змија, ти си татко на моето дете.. Ова не е филмско сценарио, туку реалност. Жена од Чикаго го објавила овој оглас, а себе се опишува со модра коса, високи чизми и сребрена маица.
Во огласот кој подоцна е симнат од интернет уште пишува дека двајцата страстите си ги искажале во тоалетот на концертната сала.
-Трудна сум и детето е твое. Јави се ако сакаш да бидеш дел од неговиот живот – стои во огласот. Нема информација дали јунакот се јавил на огласот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.