Дрско, навредливо и во стил кој не му доликува на еден новинар, Бранко Героски во најновата колумна ги омаловажува своите колеги. Но, само оние колеги кои не му се бендисуваат. Деновиве медиумите пишуваа за неговиот летен одмор, но професионално и коректно, се јавија за лично од него да го чујат одговорот. Нејасно е што го разгневи толку, но зборовите кои тој ги напиша навредувајќи ги новинарите, личат на излив на фрустрација и нервоза.
За уредникот на ПлусИнфо, новинарите се “џукели“ и “глупчовци“.
Колумната му е насловена како „Жено, спакувај ми ги и „очите на јавноста“, лево од гаќите, те молам!“. На почетокот коментира за одморот на премиерот Груевски и вели дека фотографиите баш му се допаднале. Потоа, следува еден низок стил и некултурен.
-И сега, ај да те прашам онака човечки – за кој кур ти требаат овие кучињава што си ги одврзал да лајат по мене? Па барам да најдеше некои расни примероци, а не овие џукели неписмени, што не знаат до триесет да собираат, па кога ми ги бројат деновите поминати на одмор (две недели на летување и една недела патување), врескаат „Героски цел месец се лускузира!“ Добиле задача децата златни да „дознаат“ сè за мојот одмор. Ама буквално сè им кажав, така да знаеш. Можеби требаше и јас да им речам „сиктер“, како Милчин, ама ете, бев љубопитен колку им сече. Им кажав кај сум бил и колку време. Им кажав со кого сум бил. Им кажав дека си поминав убаво – глупчовците, замисли, ме прашаа и како сум си поминал, стои во колумната на Героски.
Героски треба да одговори: Дали со лични навреди треба да се справуваме во демократско општество каде владее слободата на говор, која лично тој ја негира? Кога Вие, господине Героски, пишувате и прашувате за други и шекулирате, тоа за вас е истражувачко новинарство, само насочено кон критика на власта. Зошто ако вас некој не ви одговори, вие велите дека тој крие нешто криминално, а кога вас ние ве прашуваме, добиваме опис како “џукели“.
Не е прв пат Бранко Героски јавно да навредува свои колеги, со прости зборови, гнев и безобразлук. Но, со секој нареден потег го намалува нивото на култура кое го промовира.
Очигледно, навредата е последен стадиум на немоќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Героски се сомнева: МПЦ ја продала придавката “македонски“ заради Заев
-
Утре пресметка точно на пладне: Палевски и Геровски ќе ги одмерат силите пред „Манда“
-
Порталот на Герис „Плусинфо“ пренесува лажни цитати на пратеникот Џеват Адеми (ВИДЕО)
-
Ќе се извини ли Герис за лагите околу криминално-полициската местенка на СДСМ?