Септемвриското издание на американскиот престижен моден магазин „Вог“ на насловната страница ги врати супермоделите.
Фотографот Марио Тестино за есенската насловна ги фотографираше агресивно ангажираната моделка Кара Делевињ, Џоан Смајлс и Карли Клос.
Како што објаснуваат тие се девојки што градат сопствен бренд и култен профил преку социјалните мрежи, посебно на Инстаграм и на тој начин собираат милиони обожаватели од целиот свет.
Покрај прочуените, Кара, Карли и Џоан во оваа класа модели Вог ги таргетира и Аризона Мус, Еди Кемпбел, Иман Хамам, Феј Феј Сан, Ванеса Ахенте и Андреа Диакон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.