| четврток, 6 декември 2018 |

Повикот до Босанците да се придружат на „Исламската држава“

bilal bosnicВодачот на една од најголемите заедници на припадниците на радикалниот ислам во БиХ Билал Босниќ ги повика младите од земјата да се придружат на вооружените групи на терористичката организација Исламската држава и така да се вклучат во џихадот кој го води таа организација на територијата на Ирак и Сирија, правејќи притоа злосторства без преседан.

Како што пишува сараевскиот „Дневни аваз“, повикот до младите Босанци да се придружат на „Исламската држава“ е забележан на видео снимката од последното предавање кое го одржа Босниќ пред неговите следбеници од регионот Цазинска Краина во северозападна Босна.

Босниќ, во тоа излагање, покрај другото, изјави дека „вистината и Исламската држава опстојуваат и покрај нападите на оние кои се збунети и оние кои се борат против вистината“.

Откако новинарите од „Аваз“ го контактирале за да им појасни која е причината што  поддржува терористичка организација како што е Исламската држава, Босниќ тврдел дека не го кажал тоа и оти сето тоа е разултат на различни интерпретации на неговото излагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top