| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го нуди Сонг бесплатно

За Сонг нема место во Барселона, но нема и заинтересирани клубови за неговите услуги, па Барселона е приморана да се одрече од услугите на Камерунецот без обештетување.
Каталонците се одлучиле на таков чекор надевајќи се дека некој тим ќе се сложи да го донесе на позајмица Алекс Сонг и да ја покрие во целост неговата плата.
Пред неколку месеци Сонг се поврзуваше како потенцијално засилување на Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Евртон.
Во последно време името на играчот е поврзувано со Милан кој нема пари да го плати обештетувањето и би се согласил да го доведе во своите редови следната сезона.
Милан е најсериозен кандидат, но во трка сеуште останува Манчестер Јунајтед во случај да не доведе ниту еден од играчите од списокот на желби на тренерот Луис Ван Гал. Се навеедува дека за него би можел да ургира Робин Ван Перси кој имаше одлична соработка во Арсенал пред неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top