1. Постои само една
Токму ова е еден од најчестите митови, кој на луѓето им влева страв в коски дека по раскинувањето или по губењето на партнерот повеќе никогаш нема да најдат некој за сабе. Сродната душа е всушност некој што не надополнува во одредено време. Да постои само една, би биле многу многу осамени.
2. Не ви треба ништо друго
Во смисла дека сите соништа, надежи и очекувања треба да бидат споредни. Апсолутна лага. Сродната душа надополнува еден ваш дел, но дефинитивно не може се.
3. Односите се полесни
Луѓето често веруваат дека кога имаат какви било проблеми со партнерот, тоа лице не е нивната сродна душа. Но факт е дека не постои едноставен однос, како и дека врската со сродната душа не може да биде совршена цело време.
4. Ги сакате истите работи
Некои двојки ги сакаат истите работи, други различни, а и едните и другите можат да бидат среќни. Секако треба да имате неколку работи во кои и двајцата уживате, но сосема е в ред да имате различни хобија и интереси, дури и ако сте сродни души.
5. Читање мисли
Никој не може да чита мисли и во целост да го разбере својот партнер. Морате да научите правилно да разговарате за се што ве мачи и така да се обидете што подобро да се разбирате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



