| четврток, 6 декември 2018 |

По двојното убиство во Вевчани, иницијатива за враќање на смртната казна

вевчани

По страшната трагедија која пред неколку дена го потресе Вевчани, во која две лица го загубија животот, а двајца беа повредени, е започната граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна за извршени најтешки облици на кривични дела.

Оваа било соопштено на синоќешната седница на Совет на општина Вевчани, на која беа разгледувани и неколку точки за преименување на неколку спортски објекти во имињата на трагично загинатите момчиња.

По собирањето на потписите иницијативата ќе биде доставена до надлежните институции во Република Македонија, стои во соопштението од општина Вевчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top