| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата ja врати 20 години назад куповната моќ на Грците

Greek flag

Последиците од кризата во Грција станаа уште подраматични бидејќи куповната моќ на Грците со минимална плата се вратила назад за 20 години.

Според истражување на Заедничката конфедерација за труд ГСЕЕ минималните плати на Грците на возраст над 25 години се намалиле за 22 отсто – од 751 евро до 560 евра, а на тие под 24 години паднале за 32 проценти и дошле до 510 евра.

Просечната плата во приватниот сектор во Грција е 750-800 евра, што е сума намалена од 1.100 евра, колку што беше на почетокот на кризата.

Истражувањето покажало дека голем број работници со задоцнување ги земаат своите плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top