Ирската група „Ју ту“ (U2) планира да објави албум оваа година, изјави нивниот портпарол за „Ролинг стоун“ отфрлајќи ги гласините дека новата студиска снимка е одложена за 2015 година. Последниот албум „No Line on the Horizon“ „Ју ту“ го издаде во 2009 година. Оттогаш славната четврока соработуваше со многу продуценти, меѓу кои се и Вил Ај Ем, Пол Епворт, Рајан Тедер и Дејвид Гета.
Нивното студиско остварување ќе биде објавено под етикета на издавачка куќа „Island Revords“ и под водство на новиот менаџер Гај Осери. На албумот ќе се најде и синглот „Invisible“, претставен во февруари на 48. Супер боул.
Во мај беше соопштено дека Боно и Д Еџ работат и на мјузиклот Sing Street на режисерот Џон Карни, јави „Дигитал спај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.