
Парите навистина ја купуваат среќата, но има и граница, таа изнесува 75 илјади долари, покажа едно неодамнешно истражување.
Кога ќе се мине оваа граница, трката за поголемо богаство нѐ одалечува од работите кои навистина нѐ прават среќни – хармоничниот однос со саканата личност и пријателите, личниот развој.
Ова истражување, претставено пред Американското здружение на психолози, открива дека умереноста и непоклонувањето кон материјалниот свет ни ја носат среќата.
Авторката на студијата, д-р Мирјам Тацел од државниот универзитет во Њујорк, вели дека емотивната благосостојба расте со приходите, но нема напредок кога годишните приходи ќе ја надминат границата од 75 илјади американски долари.
– Општеството, во кое поединци претставуваат предмет на одушевување затоа што се безобразно богати поставува стандард кој е неостварлив и нѐ наведува сите нас, со сите сили да се трудиме да ја достигнеме, така што ќе работивме повеќе и ќе трошиме повеќе. Намалување на потрошувачката треска, намалување на работата позитивно влијаат на околината и на луѓето – истакнува оваа американска професорка.
Позитивната психологија, или проучување на среќата, благосостојбата и квалитетот на животот, нудат одговори на прашањето што навистина нѐ чини среќни.
Некои рани истражувања укажуваат на тоа дека основните човечки потреби ја создаваат способноста, автономијата, позитивните односи, прифаќањето себе и личниот развој. Наместо да ги исполнува овие потреби, човекот се дефокусира кога ќе почне да ја трча по пари и поседување добра.
– Човековите потреби ескалираат кога ќе ни здосади она што го имаме и кога ќе посакаме нешто друго, што доведува до поголема потрошувачка – вели д-р Тацел.
Колку е поголем јазот меѓу она што го сакаме и она што го имаме, толку е поголемо незадоволството. Помалку материјализам, значи повеќе среќа.
– Луѓето што штедат генерално се задоволни од својот живот. Тоа можеби е така бидејќи ги избегнуваат негативните последици од претереното трошење и влегување во долгови – наведува д-р Тацел, истакнувајќи дека луѓето повеќе сакаат да работат нешто отколку да поседуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


