Лидерите на Баерн Минхен отпатуваа во Мадрид на преговори со Атлетико за трансфер на дефанзивецот Диего Годин.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Баерн ќе биде подготвен да ја исплати откупната клаузула од 36 милиони евра, бидејќи тренерот Диего Симеоне е решен да го задржи Годин во неговиот состав.
Доколку Годин сака да премине во редовите на Баерн, Атлетико нема да може да го задржи својот играч.
Тренерот на баварците Пеп Гвардиола потврди дека бара дефанзивец по повредата на Хави Мартинез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.