| четврток, 6 декември 2018 |

„Ноу камп“ го поздрави Суарез во победата од 6-0 против Леон (видео)

Најголемото засилување на Барселона во последните неколку години Луис Суарез синоќа го одигра својот прв натпревар во дресот на Каталонците.

На традиционалниот натпревар во чест на Жоан Гампер, Барселона го промовираше новиот тим на чело со тренерот Луис Енрике, а најголемиот аплауз го доби Уругваецот Суарез кого го пречекаа преку 50 илјади навивачи на „Ноу камп“.

Суарез во победата на Барселона над мексиканскиот Леон ги одигра последните 15 минути. Натпреварот заврши 6:0 за домаќините, а за одбележување е враќањето на Нејмар и двата постигнати погодока на неговиот прв натпревар по повредата на мундијалот во Бразил.

Покрај Нејмар, реализираа и Лионел Меси, Ел Хадади (два) и Сандро Родригес.

Суарез нареден пат на терен ќе може да излезе на големото дерби „Ел Класико“ на 25 или 26 октомври кога му истекува забраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top