| четврток, 6 декември 2018 |

Обама итно им испраќа оружје на Курдите во Ирак

обама гет лаки

 

Претседателот на САД, Барак Омаба, соопшти дека е направен „голем чекор напред“ во борбата против екстремистите од организацијата ИСИЛ со тоа што вооружените сили на Ирак и ирачките Курди ја повратиле контролата над браната кај Мосул.

Зборувајќи од Белата куќа, Обама рекол дека доколку браната на реката Тигaр била урната ќе предизвикала катастрофални последици и ќе го загрозела персоналот на американската амбасада во Багдад. Тој, исто така, изјавил дека САД итно испраќа оружје и друга помош на ирачните сили и курдските борци додека се обидуваат да ги потиснат силите на ИСИЛ.

Тој најави дека САД почнале долготрајна мисија со цел да се поразат екстремистите кои претставуваат закана и за Ирак и за регионот.

– Продолжуваме со долготрајната стратегија за стегање на обрачот околу ИСИЛ, а тоа ќе го направиме така што ќе ја поддржиме новата ирачка влада и ќе соработуваме со клучните партнери во регионот – рекол Обама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top