| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху се закани- Израел ќе одговори со сета сила против Појасот Газа.

netanjahuИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел е подготвен за секакви ситуации и оти ќе одговори со сета сила, доколку се обноват ракетните напади од Појасот Газа.

– Подготвени сме за секакви сценарија. Армијата е подготвена да одговори моќно доколку нападите бидат обновени, рече Нетанјаху кусо пред истекувањето на примирјето во Појасот Газа.

Специјалниот претставник на Обединетите нации за Блискиот Исток, Роберт Сери изјави дека Појасот Газа има потреба од масовно обновување.

Сери пред Советот за безбедност на ОН истакна дека Појасот Газа претрпел уривања од големи размери во судирите меѓу Израел и Хамас.

Според неговата оценка обемот на штетите е тројно поголем од тие во конфликтот меѓу Хамас и Израел во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top