
Патнички авион на компанијата „Сауди Арабијан ерлајнс“ е евакуиран и приземјен шест часа поради тепачката на пилот и членови на екипажот непосредно пред да летне од Kаиро, пишува „Дејли мејл“.
Авионот се подготвувал да летне од каирскиот аеродром кон Медина, во Саудиска Арабија, кога кавгата меѓу пилотот и стјуардот прераснала во пресметка со тупаници.
Повеќе од 150 патници биле евакуирани од авионот без никакви повреди и биле однесени во транзитниот хол, а обезбедувањето ги раздвојувало учесниците во тепачката. Стјуардот завршил со повреди на главата и му била укажана медицинска помош на аеродромот. Пилот добил посериозна повреда на окото, па завршил во болница.
– Борбата избувна кога авионот требаше да летне – изјавил шефот на аеродромската полиција Мутаз Јусеф.
Шест часа подоцна 153 патници се вратиле во авионот. Причината за тепачката не е соопштена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


