
Долгите денови на работа во комбинација со нездрава храна се потполно исцрпувачки. А многу пати си удираме доза кафе или газиран сок за повеќе енергија. Но, еве неколку работи кои навистина ќе ви дадат енергија преку целиот ден.
Вода
Вода, вода, вода – насекаде ја има и тоа за добра причина! Нашите тела содржат околу 60 проценти вода. Хидратицајата е клучот кон здраво тело. Запомнете дека треба да пиете барем 8 чаши вода дневно.
Зрна, семки, масла
Се плашите ли од бадеми само заради тоа што имаат голема количина масти? Запомнете дека тие се добри масти кои му се допаѓаат на човечкото тело. Доволни ни се околу 23 бадеми во денот да ни ги овозможат потребните протеини и минерали. Исто така, кокосовото масло и маслото од авокадо се добри за нашето тело, исто како и путерот од кикирики.
Јогурт
Јогуртот е супер пијалок кој има многу малку шеќер, и доста протеини.
Банани
Бананите имаат многу витамини кои ни даваат енергија, а олеснителна околност е тоа што на бананите не им треба некаква припрема. Една банана со средна големина има околу 105 калории.
Јајца
Денес можат да се најдат секакви јајца. Бели, жолти, органски … Јајцата се супер појадок, а можете да ги јадете и за време на ручек, па и вечера.
Темно чоколадо
Кога ви треба нешто слатко по ручек или вечера – црното чоколадо е вистински избор. Овој оброк е полн со стимулант теобромин кој е сличен на кафето. А, истражувањата покажуваат и дека чоколадото може да ни го зачини сексуалниот живот затоа што делува како афродизијак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


